
За првпат после 2003-та година во финале на женски фудбалско Светско првенство играа европски селекции. Славеа Шпанките со 1-0 со гол на левиот бек Олга Кармона од Реал Мадрид во 28' минута.
Гол во стилот на Жорди Алба:
При прославата на голот Олга Кармона го кренала дресот да го покаже натписот на маицата одоздола на која било напишан стандардниот поздрав со која се поздравувале со мајката на нејзина најдобра другарка која починала неколку дена претходно.
„Ѝ го посветувам својот гол и победава на мојата најдобра другарка која неодамна остана без мајка“, им рекла Олга Кармона на новинарите.
Олга Кармона ниту претпоставувала што ќе ѝ кажат после историското победничко финале.
Интересно дури осум фудбалерки од Барселона играат во репрезентацијата и се сметаат за носителки на државниот тим. Од Реал Мадрид има две фудбалерки а едната го реши историското финале.
Олга Кармона е прва фудбалерка во историјата која што постигнала победнички гол и во полуфинале и во финале на женско Светско првенство.
Тоа беше втор гол за светско злато на Шпанија по оној на Андрес Иниеста на машкиот Мундијал во далечната 2010-та.
Во 67' минута Шпанките добија и пенал. Кира Волш играше со рака во својот шеснаесетник, а „црвената фурија“ можеше да ја зголеми преднота. Но голманката на Англија Мери Ипс го одбрани пеналот кој го изведе Џенифер Ермозо и Англичаните останаа во игра.
Тргна „Гордиот албион“ во целосна офанзива но шпанската голманка Ката Кол бранеше маестрално:
Во 90-та минута во игра влезе и Алексија Путељас, добитничката на Златна топка за најдобра фудбалерка на светот за минатата година а која одигра слаб и блед турнир цело Светско но само поради тоа што се врати по тешката повреда на лигаментите.
Шпанија успеа да ги издржи сите напади на Англија и заслужено стана светски шампион. Првпат во историја на женската репрезентација на Шпанија!
Следуваше големо славје кај едните и тага кај другите.
Шпанија пред Светското не била сметана ниту меѓу главните фаворити за освојување на златниот пехар.
Ова е прва титула во историјата на женската шпанска фудбалска репрезентација. До 2015-та не можеле ниту да поминат квалификации, а на својот прв Мундијал не поминале група. На Светското 2019-та стигнале до 1/4 финале и испаднале од идниот светски првак тогаш, САД.
На Европско првенство Шпанките исто така дебитираа релативно скоро, во 2013-та година. Во три обиди на Еуро досега максимум стигнувале до четвртфинале.