Њујорк Никс е НБА шампион првпат после 1973. година.
И тоа пак со луд пресврт како на историскиот четврти натпревар кога вратија -29 поени разлика од третиот период, сега надоместија -16 поени разлика од втора четвртина и -15 од трета четвртина.
И тоа се на гостински терен!
Џејлен Брансон уфрли 45 поени за МВП партија. Лидерот на Њујорк Никс заслужено е избран за МВП на финалето. Брансон шутираше 14/27 од игра, 4/7 за три поени, а имаше уште и по три скока и асистенции и две одземени топки.
Навивачите на Никс славеа и во салата во Тексас и дома во Њујорк на повеќе места:
Џејлен Брансон одигра сезона од соништата а ја круниса со шампионска титула. 30-годишниот плејмејкер беше незадржлв во текот на целата финална серија во која во просек бележеше 32,6 поени, 4,2 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Тој влегува во историјата како прв 33-ти пик на драфтот кој освоил шампионска титула и добил МВП награда во финалето. Тој беше биран на драфтот во 2018-та заедно со Лука Дончиќ со кого двајцата кошаркарски созреваа во Далас Маверикс.
После четири години во Далас, Брансон премина во Њујорк Никс каде стана незаменлив лидер на екипата а околу него беше граден шампионски состав.
Jalen Brunson (45 PTS, Bill Russell Trophy winner) on all the emotions he felt after the Knicks clinched their first NBA Championship since 1973! pic.twitter.com/5wIsYod1wn
— NBA (@NBA) June 14, 2026
Откако е дојден во Њујорк Никс, тој три пати беше на Ол-Стар, а посебна репутација стекна како кошаркар кој игра најдобро кога е најтешко. Имено Брансон уште во 2015-та година беше една од ѕвездите на Светското првенству У-19 во кое САД У-19 ја совладаа Хрватска У-19.