Веројатно сонот на секој фудбалер е да заигра за репрезентација и штом стигнал до тоа ниво, тоа значи дека успеал во кариерата. Но тоа не важи и за Зефаниа Томас.
Зеф е роден пред 23 години во англискиот град Бредфорд, а неговите родители имаат потекло од Јамајка и малата карписка држава Сент Кристофер и Невис.
Просечниот фудбалер играл за неколку нисколигаши од Англија, САД и Белгија, а последниот негов клуб бил шкотскиот второлигаш Кауденбит.
Тој најпрвин се обидел да стапи во контакт со селекторот на Јамајка каде што е родена неговата баба, но не успеал, па потоа се одлучил да ги контактира челниците на фудбалската репрезентација на Сент Китс и Невис.

Томас пратил порака на официјалната фан страна на фудбалската репрезентација на најмалата карипска држава која се наоѓа во средна Америка и набргу добил одговор од селекторот. Меѓутоа селекторот набргу добил отказ, но по некое време Зеф на својот Фејсбук профил добил порака од капитенот на репрезентацијата кој го повикал да им се приклучи.
Зеф Томас дебитирал за репрезентацијата на Сент Китс и Невис во септември минатата година и одигра 2 натпревари на Купот на Карибите, но интернационалното деби не му помогна во неговата кариера.
Тој во својот клуб се вратил повреден и набргу добил отказ. Повредениот Томас бил приморан да се вработи во кол-центарот на кладилницата Вилијам Хил, а по опоравувањето ќе продолжи да тренира и ќе бара нов клуб.