
На пријателски меч во градот Танжер им дојде Бразил во најсилен состав. Мароканците биле пречекани еуфорично како Аргентинците пред неколку дена, а фудбалерите вратиле со победа од 2-1.
Мароко славел 2-1 со головите на Буфал во 29’ и Сабири во 79’ минута, а единствениот погодок за „кариоките“ кои од клупата ги предводи в.д. привремениот селектор Рамон Менезес, го постигнал Каземиро во 67’ минута.
За Бразил на овој меч играа речиси сите првотимци кои беа дел и од Мундијалот, како Милитао, Тељес, Каземиро, Лукас Пакета, Винисиус Жуниор, Родриго, Антони.
Најдобрите моменти и головите од дуелот:
„Сите знаете колку многу значи да се победи еден Бразил, топ тим на ФИФА ранг листата и земја на фудбалот. Сега е месец на Рамадан, мора да одиме и да се молиме за да ни се потврди дали е вистина или не. Сега одиме да славиме, но има уште многу работа. Не смееме да се залетаме, кога велам дека мораме да освоиме Африкански Куп на нации, велат дека претерувам. Морам да бидам внимателен и да кажам дека нема да играме за да победиме, туку дека играме за среќа“, вели во свој стил селекторот на Мароко, Валид Реграги.