Полската навивачка страст заврши со 35 уапсени

Навивачите на Полска не ја гледаат табелата и шансите на нивната репрезентација за пласман на СП во Бразил. Тие едноставно последното коло од овој квалификациски циклус го искористија за шоу на „Вембли", но и отворија работа и на полицијата.

Употребата на пиротехника е строго забранета на стадионите во Англија, но тоа не ги спречи полските навивачи да му дадат навивачки шарм на квалификацискиот натпревар против Англија кој го добија домаќините со 2:0.

Полицијата уапси вкупно 35 навивачи, 16 од нив затоа што за време на мечот запалиле бакљи, шестмина затоа што биле пијани и правеле нереди, двајца биле фатени со дрога, а останатите предизвикале инциденти.

Со лисици на рацете заврши и овој падобранец на теренот кој си поигруваше со редарите.

16 октомври 2013 - 16:17