Вистон Јуниорс е првиот клуб каде Стивен Џерард почнал да игра фудбал, оној вистинскиот на трева, 11 на 11. Оригиналните снимки во 10 минутната видео сторија поделена во два дела ги покажуваат неговите способности со кои се издвојувал од другите.
Почнал да настапува во тимот за играчи до 10 години каде се истакнува со неговиот талент. Редовно се запишува и на листата на стрелци, а во извештаите се потенцира и неговата капитенска улога со која одлично се носи уште од мал.
Во 1992 година Џерард е дел од екипата У12 каде прераснува во уште поголем лидер на кој никој не може да му ја одземе капитенската лента. Вистон патува на турнир во Холандија, а на следното видео повторно во центарот на вниманието е нивниот капитен кој царува на теренот.
Во финалето се среќаваат со Селтик, клуб од Ливерпул кој го поразиле со 2:0, а вториот погодок е дело на Џерард кој со слалом го поставил конечниот резултат. Во магазинот посветен на клубот главно име е капитенот на Вистон кој за една сезона постигнал 65 голови, а според написите тој можел да игра на секоја позиција.
Стивен Џерард се повлече од репрезентацијата со помалку настапи само од Дејвид Бекам и Питер Шилтон, а за одлуката се консултирал и со семејството откако се вратил од Мундијалот во Бразил.
„Уживав во секоја минута која ја претставувам мојата земја и сега сум многу тажен што нема повеќе да можам да го носат националниот дрес. Ова беше една од најтешките одлуки во мојот живот“, изјави капитенот на Ливерпул.
Фудбалската Асоцијација на Англија реши да му даде амбасадорска улога.