Побрз и од Болт: Фудбалер на Железничар Панчево во Топ5 најбрзи играчи

Фудбалерот на Железничар од Панчево Симао Педро достигнал неверојатна брза од 37 километри на час на натпревар против Спартак Суботица што е петто најбрзо време во фудбалска Европа измерено сезонава.

Фудбалерот на Графичар кој е брз „ко струја“ тој подвиг го имал во 22. коло од Суперлигата на Србија а според податоците на ГПС системот ГПЕксе.

Железничар Панчево се пофалил на своите друштвени мрежи дека таква брзина многу ретко се гледа и во најсилните лиги во светот. На пример најбрзи спринтови сезонав имаа англискиот репрезентативец Ентони Гордон од Њукасл (37,92 км/час истрчан спринт во Лига на шампиони) и за некое чудо високиот стопер на Тотенхем Мики ван де Вен кој разви брзина од 37,38 км/час при еден спринт и долго се сметаше за најбрз играч сезонава.

Колку за споредба, пишува Спортклуб, овој спринт на Симао Педро бил меѓу 5-те најбрзи на континентот.

Откако вака се мери време, светскиот рекорд го држи Килијан Мбапе од времето кога играше за ПСЖ. Тој еднаш против Монако истрчал спринт од 38 км/час што е неверојатна брзина. Некои тврдеа дека Мбапе истрчал 37,90 на тоа мерење.

Арјен Робен го држи рекордот од Светски првенства. Легендата на Холандија на Мундијалот 2014 против Шпанија кога Ван Перси го даде култниот гол со глава, истрчал спринт од 37 км/час. Тоа значи дека Симао Педро сега го израмнил овој резултат.

Хусеин Болт на пример додека играше кратко фудбал во Австралија за Централ Кост Маринерс истрчал спринт од „само“ 36,7 км/час.

Светскиот рекорд на најбрзиот атлетичар на сите времиња Хусеин Болт изнесуа 44,72 км/час. На 16-ти август 2009-та година на Светското првенство во атлетика во Берлин Болт направи чудо и од тогаш рекордот не му е урнат.

Тој секако не трчаше со брзина од 44,72 км/час цела трка туку тоа го достигна во зоната меѓу 60-от и 80-от метар од трката. Неговата просечна брзина во текот на целата таа легендарна трка изнесувала 37,58 км/час.

Болт беше светско чудо па до толку подвигот на фудбалерот на Железничар Панчево е до толку голем што го споредуваат со спринтовите на Јамајчанецот.

6 март 2026 - 09:30