Како гостин во емисијата „Македонија на Европско“ Перо Антиќ им дава целосна поддршка на момците:
„Македонските фудбалери заслужуваат сѐ најдобро. Секоја поддршка им е потребна. Можам само да им кажам - момци глава горе, не читајте ништо и само уживајте на теренот“.
Се наврати накратко на успесите во Литванија 2011, дуплата европска круна со Олимпијакос и историскиот трансфер во НБА.
На фудбалски план најдраги му се Елмас и Пандев.
„Бев вклучен во трансферот на Елиф во Фенербахче и многу ми е драго што послуша. Имаше повик директно од претседателот, кој ми рече оди да позборуваш со детето. Си реков што да зборувам сега јас за фудбал, можам само да му дадам спортски совет. Детето беше уште младо, уште ги нозеше претезите, постојано насмеам и јас не сум го видел некогаш лут. Му реков, дете штоm ми се јавуваат значи имаат план со тебе. Да не одиш во големи клубови поради пари бидејќи и јас ги имам правено тие грешки. Да одиш таму, бидејќи овие луѓе ретко се јавуваат. Но тука се разбира кој е босот, Пандев и селекторот. Пандев е тој што ја држи хемијата и тимот и без него ова не би било тоа.“