Шпанскиот стратег Хуан Мануел Лило со тренерскиот занает почнал да се занимава уште од тинејџерските години, а во неговата 19 годишна кариера водеше 13 клубови. Еден од нив е мексиканскиот тим Дорадос Синалоа, каде што Пеп Гвардиола ја заврши својата кариера.
Но Лило и Гвардиола се запознале многу порано, кога во периодот од 1992 до 1996 на само 29 години го водел шпанскиот второлигаш Саламанка. Од тогаш тие станале пријатели, но иронично 47 годишниот Лило пред 3 години ја заврши тренерската кариера во екипата на Алмеира откако на домашен терен беше декласирана од Барселона со 8:0 под водство на Гвардиола.
Еве дел од неговите гледишта за соработката на Гвардиола со актуелниот европски шампион дадени за Си Ен Ен.
Дали мислите дека Гвардиола повторно ќе го има истиот успех со Баерн Минхен, како на пример трофеј во Лигата на шампиони и во првенството?
-Тоа не може никој да го знае. Јас сум сигурен дека тој ќе им помогне на фудбалерите на Баерн да бидат подобри играчи и да станат подобри луѓе. За мене тоа претставува успех. Исто така мислам дека тој ќе биде способен да ги држи на победничкото ниво на кое отсекогаш се наоѓаат.
Mу беше ли Баерн вистинскиоt избор?
-Кој сум јас за да кажам дали е тоа добар или лош ибор за некој друг тренер. Мислам дека луѓето треба да почекаат како ќе помине па после ќе коментираме дали изборот бил вистински. Сепак лично мислам дека изборот е добар затоа што имаат играчи кои имаат способност да играат на повеќе позиции. Зборуваме за еден од најважните клубови на сите времиња, со долга историја и со силен тим.
Што е тоа што го забележа кај Пеп кога го виде за прв пат како игра?
-Првиот пат кога го видов на теренот бев многу среќен затоа што умееше да го држи тимот под контрола и беше способен да реагира правилно во различни ситуации. Тоа го правеше кога беше се уште млад, а со таа способност позитивно им влијаеше и на другите играчи.
Со тие способности што ги има, мислевте ли дека ќе биде добар тренер?
-Треба да запамтите дека секогаш сум сакал тренер кој знаел да игра фудбал, а никогаш играч што сакал одма да тренира екипи. Гвардиола многу добро знае што е тоа колективна игра. Тоа го носеше со себе и додека беше фудбалер. Тој е пред се многу добра личност која мисли на солидарност односно за потребите на сите, така што неговиот стил на игра е како неговиот карактер.
Ве изненади ли неговиот успех со Барселона?
-Луѓето заборавија дека работеше напорно уште како тренер во Б тимот на Барселона. На своите цели работеше уште таму, па потоа почна да победува. За да освоите пехари потребна ви е среќа. Ако немате среќа нема да победувате, така што тој имаше и играчи како Меси. Со такви врвни фудбалери е полесно да се победува, но Пеп на Барса и даде стил и критериуми во играта, но исто така воспостави и ред.