Пас на Рикелме без гледање, на 44 години

Хуан Роман Рикелме во своето време, пред неколку години важеше за еден од најдобрите волшебници со топка. Неговиот префинет стил на игра го донесе дури до Барселона, но правиот мајсторлук го покажа во Виљареал, клуб кој го доведе дури до полуфинале на Лига на шампиони.

Пред неколку дена „жолтата подморница“ славела јубилеј 100-годишнина од основање, па за таа прилика бил организиран меч меѓу легендите на клубот и други шпански фудбалски ветерани. Рикелме на 44 години покажува дека класата е вечна.

29 март 2023 - 11:57