
Манчестер Сити и Ливерпул немаат пораз во Премиер лигата сезонава, Борусија Дортмунд во Бундес, Јуве во Серија А, а ПСЖ во Лига 1. Но ниту една од овие екипи не ја држи во моментов најдолгата серија без пораз.
Непобедливиот клуб во моментов се вика Арсенал кој е единствен во топ 5 лигите со низа долга 17 кола без пораз.
Топџиите ја стартуваа сезоната со два порази едно по друго од Манчестер Сити и Челси и потоа не загубија од никој во Премиер лигата, Лига Европа и Лига Купот.
Момците на Унаи Емери на последните 17 средби имаат 13 победи и 4 нерешени, а по нив следува Манчестер Сити со серија од 14 кола без пораз.
На сликата фали само последниот меч на Арсенал во Премиер лигата кој го доби на гости против Бурнемут со 1.2.
И покрај тоа Арсенал не е на врвот на табелата не само поради двата порази на стартот, туку и затоа што во моментов е тепачка во зоната на ЛШ. Со исклучок на Јунајтед, сите други гиганти држат форма.