Јувентус победи 0-2, ја продолжи победничката серија на пат кон одбрана на скудетото, а Кротоне со една нога веќе е во Серија Б.
За дуелот Кротоне - Јувентус на стадионот “Ецио Шида“ кој собира 16.547 гледачи биле распродадени сите карти, па еден навивач на Јувентус се жалел на болки и сакал да го примат во болницата „Сан Џовани ди Дио“ (Ospedale San Giovanni di Dio) од причина што зградата на болницата се наоѓа веднаш зад една од трибините и од неколку соби се гледа целиот терен.
Од болницата констатирале дека не му е ништо и набрзо сфатиле дека сакал да лежи во една од горните соби само за да го гледа мечот. “Собите се само за итни случаи и во моментов нема место таму“, му одговориле.
На крајот навивачот нашол утеха во победата на Јувентус, а после мечот многу од децата кои собираа топки и неколку гледачи излегоа на теренот да се сликаат со ѕвездите на „Старата Дама“.
Crotone subs, ball-boys & youth team players bombard the pitch at final whistle to take pictures with the Juventus players. BEAUTIFUL. pic.twitter.com/xvhPW2z0gF
— Tarek Khatib (@ADP1113) February 8, 2017
Слична епизода се случила и во сезоната 2006/2007 во Серија Б кога Јуве гостуваше и победи во Кротоне 0-3. Тогаш многу тифози од Калабрија кои имале роднини кои лежат во болница отишле во посета во болница за да можат гратис да го гледаат мечот од собите.
Ова е класичен пример колку далеку може да оди страста кон еден клуб.
Хајлајтс и головите од мечот: