Новиот „Вајт Харт Лејн“ не е готов

Операцијата успешна, пациентот Тотенхем

Во понеделникот вечерта Тотенхем ги разочара сите кои чекаа да го видат новиот „Вајт Харт Лејн“. Клубот потврди дека го одложува отворањето на неопределено време, а екипата ќе игра уште минимум неколку меча на „Вембли“ како и лани.

Изградбата на новата аерна Тотенхем ја започна во 2016-та година. Во првата година работите се изведуваа паралелно со натпреварите кои Хотспур ги играше дома.

Новиот стадион се изгради на исто место каде што беше стариот „Вајт Харт Лејн“, така што во сезоната 2016/2017 навивачите поминувале под кранови и мајстори со шлемови.

Последниот меч на легендарниот стадион Тотенхем го одигра во мај 2017 година и следната сезона 2017/2018 ја играше на „Вембли“. Интересно рушењето на стариот „Вајт Харт Лејн“ го почнаа само неколку часа по мечот со Манчестер Јунајтед.

Како изгледаше почетокот на градбата на новиот стадион на место на стариот

***

Отворањето на новиот стадион Тотенхем го планираше за 15 септември кога во Лондон доаѓа Ливерпул. Но тестирањата на стадионот покажале проблем со „критичниот систем на безбедност“ (поточно со пожарната сигнализација и евакуационите сирени).

„Ние можеме да се справиме со потешкотии во други области, но просто не смееме безбедноста да ја оставиме под ризик“, изјавија од клубот.

Најблиските домашни натпревари на Тотенхем против Фулам (на 18 август), Ливерпул (15 септември) и Кардиф (6 октомври) ќе се играат на „Вембли“. Извесно е дека Тотенхем таму ќе го игра и својот прв домашен меч во Лига на шампиони сезонава.

Освен тоа на „Вембли“ би требало да се игра и еден меч од американскиот НФЛ меѓу Оукленд и Сиетл кој требаше да се одигра на новиот стадион на 14 октомври.

Навивачите на Хотспур биле разочарани од ваквиот епилог, но претседателот на клубот Даниел Леви им се извинил и побарал разибрање:

„Ние знаеме колку се разочарани сопствениците на сезонски карти, навивачите и симпатизерите од целиот свет. Многу ја цениме поддршката на нашите партнери во НФЛ кои го откажаа мечот кога проблемот се јави. Пред стартот на проектот ние баравме ваша поддршка во текот на оваа сложена изградба, сега бараме од вас трпение.“

 

Управата на клубот наишла на разбирање од навивачите, но непријатности се јавуваат пред мечот против Манчестер Сити закажан на 28 октомври:

- Официјалниот сајт на Тотенхем вели дека местото на одигрување клубот ќе го објави подоцна затоа што се надева дека ќе ги реши проблемите на новиот стадион за 2 месеци.

- Ако проблемите со системот за безбедност не се решат, Тотенхем нема да може тој ден да игра на „Вембли“ затоа што тогаш на овој стадион ќе се игра уште еден натпревар од НФЛ - Филаделфија против Џексонвил.

- Тотенхем сега може да побара од Премиер лигата и од Сити да ги заменат домаќинствата, но за тоа ќе треба одобрение и од полицијата во Манчестер која прави се за да ги избегне натпреварите на Сити и Јунајтед во ист ден во градот.

Во последните 10 години Јунајтед и Сити само три пати играле во ист ден во градот: во 2015-та и во 2009-та во Лига Купот и во 2008-ма ФА Куп дуел на Јунајтед се погодил ист ден со настап на Сити во Куп на УЕФА.

Премиер Лигата и УЕФА веќе долго време ги раздвојуваат овие два клуба според календарот. Кога едните се на гости, другите играат дома и обратно.

Ако на Тотенхем и Сити им дозволат да играат на „Етихад“ на 28 октомври, полицијата ќе има многу работа затоа што во ист ден Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Евертон.

Премиер лигата е најнезадоволна од исходот затоа што веќе му дозволила на Тотенхем да одигра уште пар дополнителни средби на Вембли, а сега немаат намера да им дадат зелено светло за трет стадион.

Ако новиот стадион на Тотенхем не биде готов до крајот на октомври, а Манчестер не може да организира два високоризични натпревари во ист ден, тогаш овој меч ќе го преместат за друг ден.

Притоа за да биде домаќин на средба од Премиер лигата на новиот стадион, Тотенхем ќе мора да организира два генерални тест натпревари - без нив лигата просто не допушта играње фудбал на „Вајт Харт Лејн“.

Претходно Тотнем закажа за 27 август и 1 септември дуел меѓу младинците и легендите на Тотенхем и Баерн Минхен.

Проблем се сега и картите кои Тотенхем ги продавал за дуелите со Ливерпул и Кардиф. Клубот веќе соопштил дека навивачите ќе добијат извесна сума обештетување и тоа како „гест на добра волја“.

КАКО СЕГА ИЗГЛЕДА НОВИОТ СТАДИОН НА ТОТЕНХЕМ?

Работите се во тек секојдневно а режимот на работа може да го следите во живо на сајтот на клубот.

 

По сè изгледа проблем не се само сирените за евакуација и безбедносниот појас

16 август 2018 - 13:42