Тренерот на Депортиво А Коруња Антонио Идалго вели дека тоа што го прави Пјер-Емерик Обамејанг на 37 години е неверојатно. Тој има 5 гола и 2 асистенции во Ла Лига а Депортиво нема пораз.
Обамејанг е една од главните причини за такво враќање на славниот клуб во Ла Лига. Тој ја почна сезоната со рекорд: никој никогаш не постигнал за Депортиво гол на првите 5 натпревари.

Тој е и прв играч после цели 17 години кој дал гол на секој од првите 5 натпревари (Златан Ибрахимовиќ) и 10-ти во целата историја на шпанска Ла Лига со таков учинок. Претходно тоа го сториле Виљанова, Пруден, Кампанал, Паињо, Пушкаш, Амансио, Квини, Валтер Пандијани.
Кристијано Роналдо постигнал по најмалку гол на првите 4 меча од сезоната во Ла Лига само еднаш во сезоната 2009/2010.
Обамејанг е номиниран за играч на месец август во Ла Лига заедно со Мбапе и Јамал.
КАКО ОБАМЕЈАНГ СТИГНАЛ ВО ДЕПОРТИВО?
Центарфорот замина од Марсеј скандалозно. А тоа е и во негов стил.
Тој сам изјавуваше дека сака да остане но дека управата барала да си оди и го бркала. Пјер-Емерик Обамејанг одигра коректно во првата полусезона во Марсеј (8 гола + 9 асистенции на 20 натпревари) а потоа го снема: испаднаа од Лига на шампиони, замина тренерот Роберто Де Ѕерби (Тотенем), управата се распушти итн.
Циркузот во Марсеј се одразил и на соблекувалната каде исто настанал хаос.

Од друга страна ниту Габонецот Обамејанг е светец. Тој имаше проблеми и во претходните клубови. А како уште во мај месец годинава Марсеј одлучил да ги ограничи тренинзите во тренинг базата на четири дена. Тој бил бесен па организирал забава, запоседнал неколку канцеларии и ја прскал канцеларијата на еден од директорите со пп апарат. Тој бил водач на бунтот во екипата.
Веќе било јасно дека вака веќе не може. Новиот тренер Хабиб Беје зборувал на големо за „огромната посветеност“ на Пјер-Емерик Обамејанг и неговиот значај за тимот но одлуката веќе била донесена на највисоко ниво.
Со оглед на тоа што Марсеј морал да ги намали трошоците по катастрофалната сезона во Лига 1, а со оглед на платата од 5,6 милиони евра на овој ветеран, сè укажувало на трансфер.

Откако немало понуди од Топ5 лигите, Обамејанг добил повик од турскиот прволигаш Чорум. Тргнал да се договара со нив и барал втор дом во Истанбул (на 600км од Чорум) но категорично го одбиле.
Тогаш се јавил Депортиво А Коруња кој му предложил плата од 4 пати помала од таа во Марсеј (околу 1,5 милион евра). Пјер-Емерик неочекувано ја прифатил и се согласил. Прво затоа што пак сакал да живее во Шпанија, второ го воодушевил разговорот со тренерот Идалго кој бил многу емотивен.
Обамејанг во разговор за Л'Екип раскажал дека тренерот неколку пати му викал како он не е за пензија и дека е рано.
Уште на првата прес-конференција Пјер-Емерик давал големи ветувања: тој рекол како е добро запознает со славната историја на Депортиво и со потребата клубот да се врати на самиот врв, баш како во времето на Бебето, играч кого многу го следел како млад.
Но зад таа реторика се криеле поважни мисли: „Ова е млада екипа на која и е потребен водич. Некој да биде централна фигура во соблекувалната, да кажам така. Верувам дека таа улога совршено ми лежи“, рекол Обамејанг.

И бил во право. Просечната возраст на Депортиво е 26,3 години (10-то место во Ла Лига според возраста). Искусна екипа по шпански мерки. Ѕвезда на екипата е младиот крилен напаѓач Еремаја. Ова лето екипата ја засилија искусни играчи како Лео Роман, Хозе Хименез, Анхелињо, Адама Траоре и секако Обамејанг.
Габонецот знае да биде незгоден карактер кога работите не одат како треба. Но затоа сега се е сјајно и тој е среќен. Максимално посветен влегува во секој натпревар. Со позитива ги „заразува“ своите соиграчи дури и кога ќе му дадат погрешно додавање.
Тренерот Идалго раскажал дека напаѓачот не пропуштил ниту еден тренинг и дека работи најмногу од сите. Тој одигра 4 од 5 меча од почеток до крај (само на еден натпревар го извадија од игра во 85' минута).
По негов совет управата го потпишала Адама Траоре со кого се знаат уште од времето во Барселона. Адама беше стрелец на автогол на мечот со Виљареал но Емерик го исправи и со гол ја врати екипата која има добра атмосфера со него.
КАКО ДА НЕ СТАРЕЕ
37-годишниот Пјер-Емерик Обамејанг во моментов на 5 меча има 5 гола и 2 асистенции. Лани во 2025/2026 за Марсеј имаше 14 гола и 9 асистенции на 41 натпревар. Претходно во 2024/2025 за Ал Кадсија имаше 21 гол и 3 асистенции на 36 натпревари. Во првиот мандат во Олимпик Марсеј во 2023/2024 на 51 настап постигна 30 гола и имаше 11 асистенции.
Во Барселона во 2021/2022 на 38 средби 20 пати се запиша во листа на стрелци а 3 пати асистираше.
За последните 5 години имаше само една „провала“ - во Челси каде одигра 21 натпревар и постигна само 3 гола со 2 асистенции.
Уште е брз и експлозивен иако има 37 години. Тој не е дриблер но има одлична контрола на топката во трк.