Нови голови на Меси и Суарез, први во Јамајка во кариерата

Најдобрите другари уште од времето на сјајните денови на Барселона, Уругваецот Суарез и Аргентинецот Меси постигнаа по гол во победата на нивниот Интер Мајами 0-2 на гости кај екипата на Кавалие во Јамајка.

Epa Images
Epa Images

Интер Мајами се пласираше во четвртфинале на Купот на шампиони КОНКАКАФ.

38-годишниот Суарез постигна гол од пенал во 11-та минута а Меси кој влезе од клупата за резерви во вториот дел токму наместо Луис Суарез во 53-та минута, го реши победникот со погодок во 90+3' минута од судиското продолжение. Интер Мајами ќе игра против Лос Анџелес во четвртфинале.

Суарез:

Меси:

Првото доаѓање на Меси во Јамајка во кариерата било очекувано на големо во оваа земја. Тој и целиот тим на Мајами биле пречекани од министерката за култура и спорт на Јамајка Оливиа Гранџ уште на аеродромот. Му подарила на Лео маица со Боб Марли, најпрепознатливата легенда од Јамајка:

Фудбалскиот клуб Кавалие против кого играа Меси и Суарез синоќа има мало стадионче од 3.000 гледачи но за доаѓањето на големите ѕвезди се преселиле привремено на најголемиот национален стадион во земјата кој има капацитет од 35.000 места.

14 март 2025 - 10:46