Ниту Реал, ниту Барса како Ливерпул

Импресивно делува овој состав на Клоп, а импресивни се и бројките до кој стигна сезонава во ЛШ. Кој би рекол дека при гиганти од рангот на Барселона, Реал, Баерн, Сити и ПСЖ, токму Ливерпул ќе меле кој стигне во елитното натпреварување и ќе стигне до финале.

Ливерпул синоќа постави нов рекорд и стана екипа со најмногу постигнати голови во една сезона во историјата на Лигата на шампионите.
 
18 години најдобар според овој параметар беше тимот на Барселона со Ривалдо, Клајверт, Фиго, Коку, Луис Енрике, Гвардиола и компанија кои во сезоната 1999/2000 на 16 меча постигнаа 45 голови.
 
Ливерпул стигна до 46, а УЕФА тука ги брои и плејоф натпреварите. Бандата на Јирген Клоп сезонава на сите им збрца по минимум 5 гола. Значи ПЕТ.
Постигна 10 против Марибор, 8 против Спартак, 7 против Рома, 6 против Хофенхајм (во плејоф) и по 5 против Севиља, Порто и Манчестер Сити. Навистина импресивно.
 
Од синоќа го имаат и триото со најмногу постигнати голови во ова натпреварување во една сезона.
 
Листата на најефикасни екипи во една сезона во ЛШ сега изгледа вака:
 
 
2017/18 Ливерпул: 46 гола на 14 меча (просек: 3.29 гола по натпревар)*
1999/00 Барселона: 45 гола на 16 меча (2.81)
2013/14 Реал Мадрид: 41 гола на 13 меча (3.15)
2002/03 Манчестер Јунајтед: 37 гола на 16 меча (2.31)*
2016/17 Реал Мадрид: 36 гола на 13 меча (2.77)
2008/09 Барселона: 36 гола на 15 меча (2.4)*
2011/12 Барселона: 35 гола на 12 меча (2.92)
2011/12 Реал Мадрид: 35 гола на 12 меча (2.92)
2000/01 Реал Мадрид: 35 гола на 16 меча (2.19)
1999/00 Реал Мадрид: 35 гола на 17 меча (2.06)
2001/02 Реал Мадрид: 35 гола на 17 меча (2.06)
3 мај 2018 - 11:19