Неверојатна бомба на 38-годишниот Подолски

Прославениот ас кој блескаше во дресовите на Баерн Минхен, Арсенал, Келн и германската репрезентација, веќе некое време е во својата татковина каде во позни години игра за Гурник Забже. Неговиот тим во 25. коло од полската Екстракласа губеше со 1-2 од Висла Плок а Подолски спреми луд пресврт со страшно голчиште од слободен удар.

Подолски распали од далечина за 2-2 во 61' минута, а во 87-ма минута со нов гол донесе победа од 3:2 за неговиот тим. Сега е на бројка од 7 гола и 7 асистенции на 24 меча сезонава:

18 март 2023 - 22:43