Непоправливиот Жозе Мурињо повторно исклучен

Во дербито на 19. коло од италијанската Серија А, Рома и Аталанта одиграа 1-1 и си поделија по бод. Во 90+4' минута од судиското продолжение, Жозе Мурињо доби директен црвен картон иако претходно веќе доби жолт во текот на мечот.

Жозе протестираше поради судиска одлука по дуелот меѓу Хиен и Лукаку а судијата Аурелијано му доделил директен црвен па Португалецот ќе го пропушти дербито со Милан од клупата.

8 јануари 2024 - 14:16