Нека трепка

Нека трепка затоа што одиграа мушки и со срце. Нека трепка затоа што заслужија победа и ја остварија после сериозен судиски грабеж. Досуден непостоечки пенал за Германија и недосуден постоечки за Македонија. Така е ѕверови, тоа е таа мангупска фотографија која се бараше.

Ќе се паметат овие ликови, ќе се вртат нивните два гола и ќе останат овие фотографии.