Манчестер Јунајтед ќе ја тестира идејата со 1.400 гласни навивачи на натпреварот против Реал Сосиедад кој ќе се одигра на 23 октомври во рамките на Лигата на шампиони.
Претходниот обид да се направи вакво нешто беше неуспешен откако полицијата не дозволи преместување на гостинските навивачи. Но овој пат Реал Сосиедад ги откупи сите влезници наменети за нив, полицијата даде зелено светло за преместување на нивните навивачи на друга трибина.
На местото каде што вообичаено се лоцирани гостите, овој пат ќе има 1.400 навивачи кои се расположени за пеење. Интересот за купување на овие влезници е огромен, а предност ќе имаат сопствениците на сезонски билети.
Оваа идеја е поттикната од страна на експертите за акустика кои беа најмени во април од страна на челниците на клубот кои беа разочарани од тишината на Олд Трафорд. Атмосферата често наликува на библиотека, а не ретко се случува и гостинските навивачи да бидат погласни од домашните.