Изминатиот период не се одиграа многу интернационални фудбалски натпревари низ светот, па немаше и некоја голема промена на ФИФА ранг листата.
Малата островската држава од Карибите, Антигва и Барбуда успеа да не престигне на табелатаа и да се пласираа на 100-то место, но благодарение на падовите на нашите конкуренти од листата, Саудиска Арабија и Зимбабве, репрезентацијата на Македонија напредуваше за една позиција и сега се наоѓа за 102-то место со 331 поен.
Освен Антигва и Барбуда, пред нас се и Бахреин, Северна Ирска, Того, Катар, Грузија, Кувајт... а зад нас останаа Саудиска Арабија, Судан, Зимбабве, Мозамбик...
Сите конкуренти од квалификациската група А за Светското првенство 2014-та година имаат далеку подобар пласман од нашата репрезентација. Најдобар рејтинг има Хрватска на деветото место, следува Србија на 35-та, Велс на 37-та, Шкотска на 46-та, а Белгија е на 53-та позиција.
На врвот на листата останува Шпанија, пред Германија, а на третата позиција се искачи Англија. Во топ 10 се и Уругвај, Португалија, Италија, Аргентина, Холандија, Хрватска и Данска, а Бразил падна дури на 13-та позиција.