Горан Пандев периодов не добива шанса во првиот состав на Наполи, а се уште е неизвесно дали Рафа Бенитез ќе му отстапи место од првата минута и на вечерашниот натпревар против Свонси во второто по квалитет клупско европско натпреварување.
Жешко гостување вечерва ќе имаат Бенфика која патува во Грција, како и Базел во Израел. Јувентус, Лацио и Порто важат за големи фаворити на домашен терен против Трабзонспор, Лудогорец и Ајнтрахт.
Единствениот натпревар кој ќе се игра на неутрален терен во Кипар е средбата помеѓу Динамо Киев и Валенсија, а причините се големите нереди кои деновиве се случуваат во Украина.
Важен показател за големата неизвесност во нокаут фазата од Лигата на Европа е тоа што дури девет екипи се актуелни шампиони во своите земји. Тоа се Јувентус, Ајакс, Шахтјор, Порто, Базел, Макаби Тел Авив, Марибор и Лудогорец.
16 финални двојки:
Анжи-Генк
Черноморец-Лион
Дњипро-Тотенхем
Динамо Киев-Валенсија
Есбјерг-Фиорентина
Јувентус-Трабзонспор
Либерец-АЗ Алкмар
ПАОК-Бенфика
Ајакс-Салцбург
Портo-Ајнтрахт Франкфурт
Лацио-Лудогорец
Макаби Тел Авив-Базел
Марибор-Севиља
Бетис-Рубин Казан
Свонси-Наполи
Викторија Плзен-Шахтјор