Наполи против Днипро, Фиорентина со Севиља

На денешната ждрепка во Нион прво беа ивлечени полуфиналните двојки за Лигата на Европа. Можно е да гледаме италијанско финале.

Актуелниот шампион во Лигата на Европа, одбраната на трофејот ќе го брани во двобојот против Фиорентина, додека Наполитанците ќе имаат полесна задача против Днипро.

Најголем успех за украинскиот тим е четвртфиналето од ова натпреварување во сезоната 1984/1985, додека Наполитанците последен пат играа полуфинале откако го освоија Купот на УЕФА со Марадона во 1989 година.

ЛИГА ЕВРОПА, полуфинале:

Наполи - Днипро
Севиља - Фиорентина

Првите полуфинални средби се закажани за 7 мај, а реваншите на 14 мај. Финалето во Лига Европа се игра на 27 мај во Варшава.

 

24 април 2015 - 12:21