ФК Осогово денеска од 17:30 часот се спрема за пријателска средба со ФК Победа и уште кога ќе видите како ја најавува, ќе забележите нешто поинакво. Подготвиле фино скоцкан банер, добро дијазниран и прегледен со сите потребни информации за мечот.
Плус не се стерилни, туку си дозволиле да уфрлат нешто и на италијански „Avanti Osogovo“, во превод „Напред Осогово“, за да не бидат здодевни со прочуеното „Forza“, инаку синоним на зборот Avanti.
Тоа е всушност претсезонски натпревар пред стартот на втората лига, каде сезонава ќе се натпреваруваат Кочанчани откако лани завршија први во трета лига.
Кој друг второлигаш, а до вчера третолигаш, може да се пофали со веб сајт, Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб? И тоа не само што ги имаат овие средства за информирање кои треба да ги има секој фудбалски клуб, туку и знаат да ги работат.
Ништо не е им натрупано, кичесто или досадно и веднаш се гледа дека ова е една младалачка екипа, распоредена на многу позиции. Галиба ги има во голема бројка, а веројатно и тоа што се многу ги прави да функционираат како големите клубови, а не еден човек да биде газда и тренер.
Колку и да ни е утепан фудбалот, кај Осогово не се забележува таа нишка. Тие се синоним за модерен клуб кој се труди да ги разбие стереотипите дека ако немаме многу услови, барем може да се бориме и нешто да создадеме сами.
Сајтот им е полн со информации, редовно го ажурираат и ги имаат сите потребни ствари кои не може да се дознаат баш за секој македонски второ или третолигаш.
Социјалните мрежи им грмат како на никој, па дури најавуваат и сезонски билети. Wow, во прва лига нема секој клуб ваква понуда.
Дечките се толку напред со идеи и со желба да се издвојат, што кога нема фудбал, не значи и дека нема што да се работи. Ги претставуваат и другите второлигаши Беласица и Победа, со кусо основно инфо. Одлично направено.
Со оглед на тоа што ова ребрендирање им почна ланска година, воопшто не се лоши овие 6.800 фанови на Фејсбук и 9.000 на Инстаграм. На Твитер пак се најјаки.
Знаат да постават прашање
Дали би биле редовно на натпревари од македонските фудбалски лиги доколку на стадион има ладно точено пиво и закуски.? pic.twitter.com/RYC8i7ladw
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) August 6, 2019
Да се зезаат
The Raven🐦 cup! Our stadium were never so full!!! They are celebrating the 3rd title so far! 🏆 #Congratulations #Kocani pic.twitter.com/vmcwhykMdk
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) August 3, 2019
┏┓
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) August 2, 2019
┃┃╱╲ in
┃╱╱╲╲ this
╱╱╭╮╲╲ house
▔▏┗┛▕▔ we
╱▔▔▔▔▔▔▔▔▔▔╲
have every friday
very tasty "Тавче Гравче"
╱╱┏┳┓╭╮┏┳┓ ╲╲
▔▏┗┻┛┃┃┗┻┛▕▔#AvantiOsogovo 💛💙
Дајте Реал Мадрид да се играмоо!!!
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) July 30, 2019
На последните 5 натпревари @realmadriden прима 1️⃣7️⃣ голови. 😱 pic.twitter.com/F7n8NSFyFX
И да постираат мајстории
Newbery како им го Zbibery!👊 pic.twitter.com/aEsd1nIcHx
— GFK Osogovo (@gfkosogovo) August 2, 2019
Кочанчани покажаа и снимка од последниот нивни тренинг кој исто така привлекува внимание.
Кој знае кои ќејфои било во клуб кога Рома го направи ова.
Браво момци, имаат што да научат другите.