Најдобрите навивачи на светот

Реномираниот француски фудбалски магазин So Foot направи листа на најдобри навивачки групи во светот на фудбалот. На првото место се навивачите на Бока Јуниорс.

Додека во некои земји се врши репресија врз навивачите, некаде фудбалските натпревари изгледаат како театарска претстава, а кај нас стадионите се празни, постојат места каде што се уште е уживање да се гледа фудбал во вистинска атмосфера.

Постојат стадиони каде страствени навивачи со дресови и шалчиња со боите на своите клубови непрекинато пеат песни, прават кореографии и ги бодрат милениците до крај.

Ова се најдобрите 10 навивачки групи според So Foot:

1. Бока Јуниорс (Аргентина)

2. Борусија Дортмунд (Германија)

3. Селтик (Шкотска)

4. Раџа Казабланка (Мароко)

5. Наполи (Италија)

6. Галатасарај (Турција)

7. Атлетик Билбао (Шпанија)

8. Црвена Звезда (Србија)

9. Урава Ред Дајмондс (Јапонија)

10. Сент Етјен (Франција)


25 октомври 2013 - 13:37