Најдобриот пласман на Македонија по 2010-та, ја стигнавме и Русија

Македонската фудбалска репрезентација мируваше за време на пријателските средби кои се играа пред стартот на Мундијалот, ама затоа оствари скок со кој му дише во врат на домаќинот на СП 2018.

Според најновата ранг листа на ФИФА, македонската фудбалска репрезентација забележа скок од шест места и сега е 71-ва фудбалска земја во светот.
 
Изненадувачки се наоѓа веднаш зад Русија која клизна четири места, а четири позиции пред нив е Саудиска Арабија со која домаќините го отвораат Мундијалот.
 
И покрај тоа што бараше, ФФМ не успеа да најде противник за мајските и јунските термини предвидени за пријателски натпревари, но и покрај тоа испадаа цареви на рангот на ФИФА.
 
Од трите противници во нашата група во Лига на нации, Македонија е многу подобро рангирата. Ерменија се наоѓа на позиција број 100, Лихтенштајн е 180-ти, а Гибралтар 196-ти.

Стартуваме со Гибралтар на гости на 6 септември.
 
На врвот и натаму е Германија, а во топ влегуваат и Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Шпанија, Чиле и Шпанија.