Диего Коста (Шпанија). Пристигна во Челси во 2014-та, а се води како жител од земјите на ЕУ бидејќи покрај бразилскиот поседува и шпански пасош.
Н`Голо Канте (Франција). Францускиот репрезентативец чии родители се од Мали со овој статус не би можел да игра во Лестер. Според нормите тој треба да одигра 30% од натпреварите на кои бил повикан за репрезентација.
Давид Де Хеа (Шпанија). Голманот на Шпанија брани за Манчестер Јунајтед од 2011 година.
Кевин Де Брујне (Белгија). Еден од најважните играчи во играта на Манчестер Сити каде е член од минатата година.
Димитри Паје (Франција). Протагонистот од Европското првенство не би имал право да игра за Астон Вила без работна виза.
Еден Азард (Белгија). Во Лондон е веќе 4 години, а ќе биде дел од првиот тим и на Антонио Конте.
Грацијано Пеле (Италија). Исто ќе биде и со Италијанците и во конкретниов случај со италијанскиот напаѓач кој настапува за Саутемптон од 2014-та.
Оливер Жиру (Франција). Венгер сигурно ќе смета на Жиру и во иднина. Арсенал, Манчестер Јунајтед и Ватфорд се рекордери со по 13 играчи од земјите на ЕУ.
Цеск Фабгрегас (Шпанија). Играше за Арсенал 9 сезони, а од 2014-та е на Стемфорд Бриџ.
Тибо Куртоа (Белгија). Голманот на Белгија е член на Челси од 2011-та, а во меѓувреме настапуваше како позајмен играч во Атлетико Мадрид.
Ромелу Лукаку (Белгија). Исто како Канте и тој нема да остане во Евертон доколку не го одигра минималниот лимит за репрезентација.
Месут Озил (Германија). Играч на Арсенал од 2013-та и еден од првотимците без кои не може Арсен Венгер.
Хуан Мата (Шпанија). Во Премиер лигата почна да игра во 2011 како член на Чeлси, а од пред две сезони е во Манчестер Јунајтед.
Давид Силва (Шпанија). Еден од главните алки во играта на Манчестер Сити кој е на островот веќе 6 години.
Ентони Мартиал (Франција). Сензационалниот трансфер на Манчестер Јунајтед од Монако минатото лето кој изнесуваше 50 милиони евра.
Кристијан Бентеке (Белгија). Напаѓачот е дел од колонијата на Белгијци заедно со Мињолет и Ориџи
Хуго Лорис (Франција). Голманот од Франција е член на Тотенхем од 2012-та.
Мемфис Депај (Холандија). Во мултинационалниот состав на Мурињо веројатно ќе има место и за Депај кој е во Премиер лигата од пред една година.
Марко Арнаутовиќ (Австрија). Поранешниот играч на Интер настапува за Стоук од 2013-та.
Матео Дармијан (Италија). Освен Пеле, меѓу Италијанците на островот е и Дармијан.