Во емисијата „Куќа на фудбалот“ снимена во Анталија каде Македонија одигра две контролни средби против Финска и Азербејџан во пресрет есенските натпревари во Лига на нации, Горан Пандев зборува на повеќе теми, а ние извлековме пет.
За ветувањето на Мурињо ако потпише во Интер
Чудно беше кога го раскинав договорот со Лацио ми се јави Мурињо и ме покани да се вратам во Интер. Јас бев малку скептик и не очекував дека ќе одиграм толку бидејќи имаше голема конкуренција. Но Мурињо беше искрен со мене и ми кажа дека ако се согласам да потпишам, ќе ја промени формацијата и ми кажа дека ти е Ето ќе бидете главни играчи и нема да очекува во натпреварите на Лига на шампиони да играме со 4 напаѓачи. Игравме стварно одбранбено, ама кога ја имавме топката игравме еден убав фудбал и мислам дека заслужено ги освоивме сите титули.
За крајот на кариерата и по неа.
Во Џенова сум веќе три години и се осеќам добро. Оваа сезона играм многу повеќе од претходно благодарение на Балардини. Мојата фамилија е пресреќна таму, децата имаат многу другарчиња и одат на училиште. Тоа е знак дека треба да ја завршам кариерата таму и да останеме да живееме таму. Мараси е секогаш полн кога играме дома и мислам дека тоа е одличен клуб каде треба да ја завршам кариерата.
Го сметаш ли Меси за најдобар фудбалер на сите времиња?
Јас се сеќавам на Лионел Меси, на Марадона и Пеле не се сеќавам, но Марадона за мене е најдобар играч на сите времиња.
Неговиот фаворит за освојување на Мундијалот 2018.
Од Европа Германија и Шпанија се едни од фаворитите, потоа тука е Бразил кој ќе атакува да го освои, но јас се надевам дека ќе го освои Аргентина и тоа ќе биде круна на кариерата на Меси.
За шансите на Македонија во Лига на нации?
Подготвени сме за овој предизвик и веќе долго време сме заедно во оваа репрезентација која е склоп на младост и искуство. Имаме навистина квалитетна, а можеби и најквалитетна репрезентација во која јас сум играл со извонреден селектор и атмосфера и мислам дека ќе биде жално да ја пропуштиме оваа шанса, а верувам дека нема да ја пропуштиме бидејќи со нетрпение ги чекаме овие натпревари во Лига на нации.
Целото интервју