Салех Ал Шехри и Ал Давсари, за нас, а и zа светската фудбалска сцена анонимуси, излегоа херои на Саудиска Арабија кои со пресврт во 48 и 53 минута ја попарија Аргентина во прво коло.
Резултатот го отвори Меси во 10 минута, но Арапите вратија во вториот дел за голем триумф од 1:2.
Аргентина може да жали за поразот најмногу поради попуштените шанси во првиот дел, во кој Меси даде еден и Лаутаро Мартинез уште два гола, но сите беа оправдано поништени со новата верзија на ВАР која се покажува како хируршки прецизна.
На Аргентинците сега им се искомпликува патот до нокаут фазата, бидејќи останаа без бодови против аутсајдерот во групата и сега само победа против Полска и Мексико ги вади од калта.
Вториот меч од групата Ц меѓу Полска и Мексико се игра од 17 часот.