Бенџамин Шешко, стандарден репрезентативец на Словенија, се враќа во Ред Бул Салцбург од позајмица како втор најдобар стрелец во втора лига со 21 гол на 29 меча и брзо станува првотимец.
На пријателска против Ливерпул летово направи лом и постигна убав гол за победа на австрискиот тим од 1-0:
Интересно пред само 2 дена, на отворено прашање на Манчестер Јунајтед колку чини Бенџамин Шешко, од Ред Бул Салцбург ладно одговориле: „300 милиони евра + Бруно Фернандеш“.
Бенџамин Шешко играл за речиси сите возрасни категории на репрезентацијата на Словенија, од У-15, У-16, У-17, У-19 па бил прекомандуван во сениорска селекција каде веќе има 13 настапи и 2 гола. Дебитираше на средба со Македонија на 1 јуни 2021-ва, пријателска одиграна во Скопје (1:1), пред почетокот на Европското првенство.