Млад фудбалер на Борусија Дортмунд се држеше за срце и побара измена

Врвниот грчки талент Константинос Каретцас кој има само 18 години а веќе игра стандардно за Борусија Дормтунд. Но синоќа на дебито во Лига на шампиони против Виљареал во 25' минута при резултат 0-0 се држеше за срце, побара лекарска интервенција и го заменија. Од клубот соопштија дека Константинос Каретсас морал да го напушти теренот поради проблеми со циркулација

Имено Борусија Дортмунд летово ги донесе двајцата најголеми грчки фудбалски таленти, 18-годишниот Константинос Каретцас кој пристигна за 30 милиони евра од белгиски Генк како и Константелиас за кого на ПАОК му платија 26 милиони евра.

За малерот да биде поголем, Константелијас кој игра крилен напаѓач пред неколку недели ги скинал предните вкрстени лигаменти и за него сезоната е сигурно завршена.

9 септември 2026 - 09:46