Абердин го декласираше Ливингстон со 5:0, а Миовски беше двоен стрелец на средбата.
Во 41-ва минута го отвори резултат од пенал, а во 63-та погоди од игра за 4:0.
За 23-годишникот центарфор на Македонија ова е петти погодок по 5 кола со кои е водечки стрелец во шкотската прва лига. Еден гол постигна и во Лига Купот.
Навивачите на Абердин се до толку воодушевени од инвестицијата од унгарски МТК, вредна 625.000 евра, што дури го изненадија и со македонско знаме на трибина.
Miovski 🇲🇰🇲🇰 pic.twitter.com/mStQSeqL1j
— Adam🏴 (@utd_adam_) August 27, 2022
Red Shed bouncing i’day #Miovski #StandFree #AberdeenFC #Pittodrie 🇲🇰🏴🇲🇰🏴💪🏻 pic.twitter.com/GCrXKvF8Cj
— Adel Weiss (@adel_von_weiss) August 27, 2022