Меси не е во театар, одете си дома!

Пред неколку дена Лионел Меси отишол на вечера со семејството, во некој ресторан во Буенос Аирес. Штом се дознало, илјадници луѓе дошле да го видат, допрат и да се сликаат со него, па едвај полиција го извадила од таму. Сега слично се случило и во еден театар, само што пуштиле гласина дека Лео гледа некоја претстава. Илјада и кусур луѓе пред вратите.

Од театарот биле принудени да напишат на светлосната реклама пред зданието: МЕСИ НЕ Е ВО ТЕАТРОТ!

Излегол Меси со фамилија да вечера во Буенос Аирес

Меси и другарите оделе до стадион со цела војска

28 март 2023 - 14:06