Лудилото по светската шампионска титула уште ги држи Аргентинците. На пријателска против скромната Панама синоќа победија 2-0 со голови на Алмада и Меси (јубилеен 800-ти). Пред, за време и после мечот стотици илјади навивачи на и надвор од стадионот правеле фешта. А играчите на пат до стадионот „Монументал“ ги следела цела армада.