Клубот УЕ Корнелиа се наоѓа југо-западно во Барселона, најомилениот град на Лео Меси каде помина 17 прекрасни години во дресот на Барса.
„УЕ Корнелиа објавува дека аргентинскиот фудбалер и осумкратен освојувач на Златна топка Лео Меси го формализираше договорот за купување на клубот и стана нов сопственик на институцијата Баиш Љобрегат. Овој чекор ја засилува врската на Меси со Барселона и енговата посветеност за развојот на спортот и локалните таленти во Каталонија - врска која води потекло од неговите години во Барселона и се одржа уште од тогаш“, стои во соопштението на клубот.
Клубот Корнелиа е основан во 1951 година и се натпреварува во пониските лиги од шпанската фудбалска хиерархија. Во 2013/2014 играле во шпанската Сегунда Дивизион Б, односно трета лига.
Овој клуб исто има добра школа која важи за расадник на млади таленти па низ клупските соблекувални и терени дресот на УЕ Корнелиа во разни категории го носеле и: Давид Раја, голманот на Арсенал, Жорди Алба, некогашниот легендарен бек на Барселона и добар другар на Лео Меси со кого се пак заедно во Интер Мајами, Херард Мартин, еден од најдобрите млади фудбалери во моментов во првиот тим на Барселона, Јави Пуадо, актуелен капитен на Еспањол и шпански репрезентативец, Кеита Балде, Сенегалецот кој играше и во првиот тим на Барселона и во Лацио и Монако и многу други познати играчи.
Интересно опкружувањето на Меси направило и неколку иницијативи како онаа да се одржува „Меси Куп“ - турнир кој лани во декември се одржи во Мајами каде играа У-16 тимови за играчи до 16 години (дојдоа Њуелз Олд Бојс од Аргентина, Интер, Ривер Плејт, Интер Мајами, Атлетико Мадрид, Челси, Манчестер Сити, Барселона).