Дедо, зет и внук - трета генерација заигра за Холандија

Со прекрасна асистенција Рубен Ван Бомел го зачини своето деби за Холандија а Коди Гакпо постигна уште поубав гол во 90+2' минута од судиското продолжение.

Рубен Ван Бомел има 22 години. Роден е на 3-ти август 2004-та година. Татко му Марк Ван Бомел беше дел од славната холандска генерација а играше уште и за гигантите Баерн Минхен, ПСВ, Милан и Барселона.

Марк сега е тренер, а син му Рубен игра во ПСВ Ајндховен каде дојде во јули 2025-та година.

Новиот селектор на Холандија Чави го повика за репрезентацијата а Рубен доби шанса во вториот дел од дербито со Германија во 1. коло од новата сезона во Лига на Нации.

Фудбалерот од среден ред влезе во игра во 83' минута и веднаш ја освежи својата репрезентација, внесе живост во играта а во 90+2' минута одлично му асистираше на Коди Гакпо за прекрасен гол за 1-1:

„Со ова покажа карактер. Беше негов прв натпревар вечерва за Холандија и тој направи разлика. Коди исто секако. Ова ни требаше. Тој е топ играч!. Многу сум среќен за Рубен. Веруваме во него и тој покажа. Заслужено, затоа што има јак карактер. Кај голот, тој ја освои топката па потоа дојде одличниот центаршут“, рекол Чави после мечот за Рубен Ван Бомел.

ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА ЗАИГРА ЗА ХОЛАНДИЈА ПО ДЕДО МУ И ТАТКО МУ, СЕГА И ВНУКОТ РУБЕН

Неговиот татко Марк Ван Бомел кој сега е селектор на Белгија, забележа 79 настапи за Холандија и постигна 10 гола. За „лалињата“ дебитираше на 7-ми октомври 2000-та година против Кипар

Интересно дедо на Рубен Ван Бомел од мајчина страна е легендарниот холандски стратег Бен Ван Марвајк, кој во 1975-та забележал 1 настап за Холандија а во клупската кариера играл за Го Ахед Иглс, АЗ Алкмар, МВВ, Фортуна Ситард и Асент.

Како тренер тој водеше големи клубови како Фејенорд, Борусија Дортмунд, Хамбургер, беше селектор на Холандија, Саудиска Арабија, Австралија и Обединети Арапски Емирати.

Во Холандија досега имаше повеќе примери на легендарни татковци чии синови тргнаа по нивни репрезентативни патеки, како: Јан Еверсе-сениор - Јан Еверсе-јуниор, Мартин Куман - Роналд Кума -, Ервин Куман, Вим ван дер Гијп - Рене ван дер Гијп, Јери де Јонг - Најџел де Јонг, Јан Мулдер - Јури Мулдер, Јохан Кројф - Жорди Кројф, Франк Бергхујс - Стивен Бергхујс, Дани Блинд - Дејли Блинд, Патрик Клајверт - Џастин Клајверт.

25 септември 2026 - 09:13