Избраниците на Игор Ангеловски според најновото рангирање на ФИФА се најдоа на 77-та позиција, пред селекциите на Замбија, Белорусија и Канада, а после Сирија, Киргистан (кој скокна 40 места) и Уганда.
Македонија минатиот месец одигра 0:0 против Финска и 1:1 против Азербејџан и не постигна ниту еден гол од игра, бидејќи единствениот погодок беше од пенал, а за напредок на ранг листата и требаше барем една победа.
На врвот и натаму Германија пред Бразил, а Белгија напредна две позиции и сега е трета. Во топ 10 влегуваат уште и Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Шпанија, Чиле и Полска.