На најновата ранг листа на ФИФА, Македонија бележи скок од 9 позиции и сега е 76-та фудбалска земја во светот, каде последен пат беше во август 2014-та.
Оваа не е воопшто лошо и е за пофалба, ако се знае дека нашиот национален тим пред 9 месеци нè срамеше на 166-та позиција во друштво на фудбалски непознаници и острови за кои не сме ни знаеле дека тркалаат топка.
Поради одличните резултати, особено против подобрите земји од нас на рангот на ФИФА, Македонија во рок од 9 месеци успеа да напредне 90 позиции.
Оваа година ќе биде за паметење поради два факти: Одличната и офанзивна игра на која инсистира селекторот Игор Ангеловски и скорот од 5 победи, 3 нерешени и 1 пораз, најдобриот во историјата на нашата репрезентација.
Со оглед на тоа што до крајот на годината ќе нема повеќе активности, ова ќе биде конечната позиција на Македонија на ранг листата.
Најдобриот пласман во историјата е оној со Среќко Катанец во 2008-ма година, кога бевме на 46-та место.
Оваа година момците на Мрме заслужија многу поголема поддршка од оваа.