Камбоџа и Замбија во квалификации собрала четири пати повеќе публика од нас

Фудбалски навивач кој веројатно имал доста слободно време, фатил да прави статистика на тема која репрезентација во просек имала најмногу публика на мундијалските квалификациски мечеви. Резултатите за Македонија се погубни. Бангладеш е пред нас. Исланд и Хаити држат лекции.

Веќе години наназад македонската фудбалска репрезентација мака мачи да привлече солидна бројка на гледачи кои ќе ја бодрат, без разлика дали се работи за квалификациски меч за европско или светско, а да не зборуваме за пријателски.
 
Тоа воопшто не се промени ниту со убавиот Градски кој е во ново руво скоро 10 години. Во последните мундијалски квалификации, нашиот национален тим демонстрираше убав напаѓачки фудбал за око и во цела 2017-та година загуби само еднаш.
 
Групата беше доста атрактивна. Во Скопје допатуваа светските шампиони Шпанија и Италија за кои настапуваат врвни ѕвезди, а другите противници нѝ беа Израел, Албанија и Лихтенштајн.

Но се е ова џабе и срамота кога ќе видите кои земји имале повеќе публика од нас во последните квалификации. Ќе издвоиме неколку: Камбоџа, Замбија, Хондурас, Уганда, Узбекистан, Буркина Фасо, Азербејџан, Панама, Виетнам, Туркменистан...
 
Да скратиме. Од 134 земји кои играле квалификации, Македонија е на бедното 89-то место со просечни 10.876 гледачи по натпревар. Тажно и жално за стадион со 33.000 гледачи. Колку и да и стави човек цена на карта за оваа пасивна нација на која очигледно и недостасува спортска култура, пак џабе, а 2017-та севкупно беше фудбалска година каква што сме немале никогаш.
 
Селекцијата која имала најголема поддршка според бројот е Англија со 75,230 гледачи, а според процентот на исполнетост на стадиониоте, најверни се Исланд со 99%. Потоа следуваат Хаити 98%, Велс 95%, Коста Рика 94%, Полска 94%, Република Ирска 94%, Унгарија 93%...
 
Одиме со цел список:

17 ноември 2017 - 16:11