Мајсторе, шишај ме Роналдовка

Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја се памети по фантастичниот Бразил со Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Кака, Лусио, Кафу, Дида, Денилсон... Овој состав стигна до светската шампионска титула, го освои пехарот а предвоник им беше Роналдо. Кога еднаш излезе на терен со смешна фризура, стана хит.

А имало причина за таквата глупа фризура. Рони еднаш ја откри. Пред полуфиналето со Турција буквално целиот свет зборуваше за негова наводна повреда, дали ќе играл, дали нема да играл, на секое ќоше го следеле и прашувале.

„Ме болеше препоната. Бев 60% спремен. Така што си ја избричив главата. Тогаш сите зборуваа за мојата повреда. Кога дојдов на тренинг со таа фризура сите наеднаш прекинаа да зборуваат за повредата.“ 

15 јуни 2026 - 11:12