33-годишниот Лионел освои 10 шампионски титули во Ла Лига. 4 пати ја освои Лига на шампиони и има вкупно 34 пехари откако првпат заигра во сениорскиот фудбал на 16 октомври 2004-та година кога влезе од клупата за резерви на мечот со Еспањол на гости.
Синоќа против Уеска капитенот на Барселона даде 2 гола, 1 Гризман и 1 даде стоперот Мингуеза, негов прв погодок во професионалниот фудбал откако заигра за прв тим на Барса. Лионел досега има 21 гол и 7 асистенции во Примера а до крајот има уште 11 рунди.
Најдобриот на сите времиња според многумина, синоќа стана и првиот фудбалер во историјата на Топ5 лигите со 20+ голови цели 13 сезони по ред!
Меси за 1-0:
Гризман за 2-0:
Меси за 4-1:
Histórico de jugadores con más partidos en el Barcelona: 15/3/21
— Alfredo Martínez (@Alfremartinezz) March 15, 2021
1 Messi 767
2 Xavi 767
3 Iniesta 674
4 Busquets 617
5 Puyol 593
6 Piqué 558
7 Migueli 549
8 Víctor Valdés 535
9 Rexach 449
10 Amor 421 pic.twitter.com/z17i3zX8TE
Аргентинецот би можел веќе во недела против Реал Сосиедад да постави нов, апсолутен клупски рекорд со најмногу настапи на еден фудбалер на Барселона во Ла Лига.
Иако во еден момент делуваше дека сезоната на Барса ќе заврши неславно, Каталонците во меѓувреме се пласираа во финале на Копа дел Реј а на 11 кола пред крајот во Примера имаат само -4 бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид зад кого во еден момент заостануваа повеќе од 10 бода. Атлетико има 63, Барса 59, а Реал Мадрид 57 на трето место.