Лука Дончиќ врбува играч на Баерн да дојде во Реал Мадрид

Фантастичниот лев офанзивен бек а по потреба и стопер на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис кој игра за Канада, се сретнал во Лос Анџелес со суперѕвездата на Лејкерс Лука Дончиќ по натпреварот со Сан Антонио Спарс. Си размениле дресови, а Лука во еден момент му вика: „Ќе дојдеш во Мадрид (Реал), нели? Ако дојдеш ќе ти го подарам дресов“.

Дончиќ помина прекрасни години во Реал Мадрид со кого освои и европска шампионска титула пред да отиде во НБА лигата.

Алфонсо Дејвис долго време е цел на „кралскиот клуб“. Тој има фасцинантна животна приказна. Роден е во бегалски камп во Гана каде неговите пребегале од страшна граѓанска војна, а оттаму се селат во Канада каде Алфонсо Дејвис бил од бебе.

19 март 2025 - 09:36