Лудо дерби: Марсеј го победи ПСЖ дома првпат после 14 години!

Додека Луис Енрике беше избран за најдобар тренер на годината 2025 според Франс Фудбал, во Марсеј тој водеше борба со неговиот ПСЖ кај лутиот ривал Олимпик. „Велодром“ полн како ретко кога, славеа лудо долго очекуван триумф.

Со голот на мароканскиот стопер Најеф Агуар уште во 4' минута по катастрофалната проценка на новиот и скапо платен голман на ПСЖ Шевалие, Марсеј поведе 1-0 во францускиот 'Le Classique'.

На трибините лудница, делириум.

Голема борба следеше во текот на 90 и кусур минути, ПСЖ се обидуваше да израмни, но домаќините маестрално се одбранија и ја прославија првата победа против најголемиот ривал на домашен терен после цели 14 години!

Последен пат Марсеј го победил дома ПСЖ на 20-ти март 2011-та година кога славеа со 2-1 со головите на Габриел Хајнце и на Андре Ају. Три месеци после тој пораз на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи со својата свита го купи Пари Сен Жермен и од тој момент Марсеј до синоќа цели 14 години не знаеше за триумф.

Интересно, Марсеј никогаш во 45-годишното ривалство со ПСЖ не успеал толку рано да му даде гол на парискиот гигант.

Во финишот од натпреварот при голема тензија, домашниот тренер Роберто Де Ѕерби доби два жолти картони и црвен па беше исклучен од игра поради бурен приговор кон судијата:

На крај следуваше големо славје:

После натпреварот изби гужва на теренот а еден резервен фудбалер доби шлаканица од човек од обезбедувањето на Марсеј за што Лига 1 ќе отвори истрага:

Сега дури четири екипи се на чело на табелата во Лига 1 со по 12 бода: Монако, ПСЖ, Лион и Стразбур.

23 септември 2025 - 08:28