1. Челси - ПСЖ (2:2 после продолженија), 11 март 2015
Првиот дуел од осминафиналето на Паркот на Принцовите заврши 1-1 и ПСЖ отпатува на Стемфорд Бриџ со императив победа за пласман понатаму. За да избегнат втора последователна елиминација од Сините, Парижаните тргнаа отворено, но набрзо беа казнети.
После половина час игра, Златан Ибрахимовиќ повеќе неспретно, отколку намерно остро стартуваше над Оскар и доби директен црвен картон. Како претходната година кога мораше да го напушти теренот поради повреда, Швеѓанецот овојпат без расправа излезе поради црвен картон. За негова среќа, ПСЖ даде гол во продолженијата и се пласираше понатаму.
2. Интер - Ливерпул (0:1), 11 март 2008
После поразот од 2:0 на Енфилд, Нераѕурите мораа да тргнат на сè или ништо, но и покрај тоа Златан Ибрахимовиќ уште еднаш се разочара во ЛШ. Николас Бурдисо доби втор жолт картон во 50-та минута и Интер со играч помалку до крајот прими гол од Фернандо Торес. Златан беше заменет во 80-та минута со Давид Суазо и со спуштена глава го напушти теренот.
3. Барселона - Интер (1:0), 29 април 2010
Бранителот на титулата Барселона и покрај поразот од 3:1 во Милано, беше голем фаворит во реваншот на Камп Ноу. Каталонците напаѓаа со сите сили, се сеќаваме дека Пандев во еден момент играше лев бек. По исклучувањето на Тиаго Мота во 28' минута, Жозе Мурињо го стави автобусот пред својот гол.
Пике даде гол дури во 84-та минута, а Интер успеа да се одбрани и да се пласира во финалето. Ибрахимовиќ играше 63 минути кога место него влезе Бојан, а Златан фрустриран излезе.
4. Барселона - ПСЖ (2:0), 21 април 2015
Првиот меч во Париз заврши 1-3 за Меси и другарите. Ибрахимовиќ знаеше што го чека на Камп Ноу и неговиот тим таму беше недостоен ривал. Барса брзо наметна свој стил на игра, а Ибрахимовиќ беше тотално отсечен во нападот на ПСЖ. Дури ниту Пасторе кој беше најблиску до него не успеа да го проигрува. Тоа беше уште една голема фрустрација за Ибра во ЛШ.
5. Арсенал - Јувентус (2:0), 28 март 2006
И покрај апсолутната доминација во Серија А, тренерот на Јувентус Фабио Капело не го најде рецептот за четвртфиналето во ЛШ. Арсенал победи на Хајбери 2:0, па во реваншот работата им ја олесна Павел Недвед кој доби црвен картон во 77. минута. Ибра играше во нападот со Трезеге и Муту, но не постигна гол.