Натпреварот од холандското првенство помеѓу Венло и Витезе минатата недела беше под знак прашалник заради лошите временски услови, но домашните навивачи не сакаа да го пропуштат натпреварот, па ги грабнаа лопатите и го исчистија сногот од теренот. Фудбалерите на Венло знаеа како да се оддолжат, па прославата на еден од головите при победата од 3:1 им ја посветија на своите навивачи.