Ливерпул нема пораз 365 дена. Последен пат „црвените“ изгубија на 3 јануари 2019 година на гостувањето кај Манчестер Сити со 2:1.
Актуелниот европски шампион нема пораз на 37 натпревари по ред: има 32 победи и 5 нерешени. Бодови им „скинаа“ само Манчестер Јунајтед (два пати), Лестер, Вест Хем и Евертон.
Само три англиски клуба имале подолга победничка серија: Челси во сезоната 2004/2005 (40 меча), Нотингем Форест во сезоната 1977/78 (42) и Арсенал во сезоната 2003/2004 (49).
Денешниот Ливерпул е можеби најмоќен во целата клупска историја. Во просек освојува по 2,73 бода од натпревар, а Челси во рекордната сезона имал 2,65 бода во просек по натпревар, Арсенал 2,47.
Меѓу Топ5 европските лиги најдолга серија без пораз имаше Милан: 58 натпревари по ред без изгубен меч од 1991 година до 1993-та.
Иако Ливерпул делува импресивно, сепак делува дека рекородот на „Непобедливите“ на Арсен Венгер од 2004-та година, делува прилично недостижен. На Ливерпул ќе му треба уште 12 меча да остане без пораз а тоа би го крунисал на 11 април и дуелот со Астон Вила. Има уште многу да се игра, а мирен е и Клоп.
„Денес не размислувавме за победничата серија долга една година. Нашата Нова година е на крајот од мај, ние ги мериме дистанците по сезони, а не по години“, спокојно рекол Клоп.