Легендите на Јунајтед ги праќаат децата во Сити

Уште еден поразителен податок за Манчестер Јунајтед. Четири сегашни и поранешни играчи на Јунајтед не им даваат на своите деца да тренираат во овој клуб, туку ги праќаат во академијата на градскиот ривал Манчестер Сити.

Реномираниот весник од Манчестер, The Manchester Evening News пренесе интересен податок кој уште повеќе ги разочара навивачите на Манчестер Јунајтед.

Ако не им беше доволно разочарувачки тоа што нивниот клуб тоне по заминувањето на Алекс Фергусон и викендов загубија од најголемиот ривал Ливерпул, навивачите на актуелниот англиски шампион дознаа дека наследниците на четворица сегашни и поранешни играчи на Манчестер Јунајтед играат за подмладокот на градскиот ривал.

Во Манчестер Сити тренира Шакил, синот на Робин ван Перси, како и наследникот на помошниот тренер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил.

Членови на академијата на Манчестер Сити се и синовите на Дарен Флечер, како и Енди Кол кој шест сезони играше за Манчестер Јунајтед.

17 март 2014 - 13:24