Шпанската лига има во план да внесе нови правила според кои одредени сектори од трибините на стадионите на кои нема публика не би требало да бидат прикажувани.
Ваквиот потег се смета за зголемување на гледаноста на шпанското првенство кое на тој начин би ѝ се приближило на Премиер лигата во однос на аудиториумот. Во мај 2015. година, Шпанија донесе нови мерки и во однос на продажбата на телевизиските права, но Барселона и Реал Мадрид се повикуваа на договори кои тие веќе ги имаат за продажба на правата на пренос на нивните средби.
Шпанскиот клупски фудбал веќе неколку години по ред доминира во Европа, шпанските екипи добиле 56 натпревари против другите тимови од контитентот а во меѓувреме Шпанија го има првакот во Лига Европа и во Лигата на шампионите.
„Клубовите ќе треба добро да ги покриваат аглите кои се фаќаат со камерата. Ако е потребно, ќе ги преместуваат гледачите на тие места, со цел да избегнат казна од Лигата“, изјави Хавиер Тебас, претседател на шпанската фудбалска лига.
Годинава Барселона ја освои титулата, во Лигата на шампионите ќе одат уште и Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Виљареал и Севиља како победник на Лига Европа. Од лигата испаднаа Леванте, Гетафе и Рајо Ваљекано.