За големиот празник 75 години Вардар и 35 години Комити, на Градски синоќа не можеа да се добројат славните фудбалски имиња кои добија благодарници. Од повозрасните Кочо Димитровски, Сократ Мојсов, Васил Рингов, Драги Сетинов, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдоски па сè до помладите Александар Васовски, Влатко Гроздановски, Никола Глигоров, Славчо Георгиевски, Никола Ѓошевски...