Јужна и Западна трибина крцкаа во чест на двата големи јубилеи на Вардар и Комити кои беа одбележани со пријателски натпревар против Железничар.
Големата навивачка армија приреди пеколна атмосфера на Градски, со прекрасна кореографија и страсно навивање кое еруптираше со страшно пиротехничко шоу како во старите добри времиња.
Фудбалскиот спектакл го најави легендата на клубот и рекордер со 845 настапи, Кочо Димитровски, кој не го смени дресот цела кариера (1968–1985).
Покрај гостите од Сараево, на Градски беа и Некст Тајм и Златно Славејче кои имаа по една точка под Запад.
Величестваната фудбалска ноќ и прославата на двата родендени, заврши во 87-ма минута, година во која се формирани Комити и во која Вардар стана шампион на Југославија.